Bahattin Gönültaş
14 Септември 2022•Ажурирано: 15 Септември 2022
БЕРЛИН (АА) - Индексот на цените на производителите на земјоделски производи во Германија во јули се намали за 0,9 на месечна база, зголемувајќи се на годишна база за 33,4 отсто, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Германската федерална служба за статистики (Дестатис) ги објави резултатите за Индексот на цените на производителите на земјоделски производи за јули.
Според тоа, Индексот на цените на производителите на земјоделски производи во јуни бил со раст од 33,9 отсто на годишна база.
Цената на растителните производи во јули забележа помал раст во споредба со производите од животинско потекло. Цената на растителните производи во јули забележа раст од 25,8 отсто, додека цената на производи од животинско потекло во истиот месец забележа раст од 38,8 отсто.
Се вели дека главната причина за зголемување на цената на растителните производи во јули е растот на цената на житото, која во јули 2022 година била поголема за 53,2 отсто во споредба со истиот месец минатата година.
Цената на компирот годишно е зголемена за 33,1 отсто, додека цената на доматите во јули забележа пад од 29 отсто на годишна база.
Високите енергетски цени и високите трошоци за добиточна храна ги зголемија и цените на производите од животинско потекло. Цената на млекото во јуни се зголеми за 51,7 отсто во споредба со истиот месец минатата година, додека цената на кокошките се зголеми за 42,2 отсто.
Од друга страна, покрај енергетиката, зголемените цени на прехранбените производи е еден од најголемите поттикнувачи на инфлацијата во Германија.
Цените на прехранбените производи во август се зголемија за 16,6 отсто во споредба со истиот период минатата година. Тоа предизвика годишното ниво на инфлација во август да се зголеми за 7,9 отсто.