Ekip
29 Април 2016•Ажурирај: 29 Април 2016
АТИНА (AA) – Разговорите помеѓу грчките власти и меѓународните кредитори ќе бидат продолжени на 9 мај, јавува Anadolu Agency.
Грчкиот министер за финансии Еуклид Цакалотос доби потврда од претседателот на Еврогрупата Џеорен Дијселбоем дека состанокот со Еврогрупата ќе се одржи наредната недела.
Грција и кредиторите се наоѓаат блиску до договор, но со мерките со кои ќе ја обезбедат уплатата на помош сеуште не се договорени.
Европските министри на финансии требаше да се состанат во четврток за да разговараат за конечниот договор со Атина во врска со надминување на проблемите со долгот на оваа земја, но состанокот поради непостигнување на напредокот во преговорите е откажан.
Новиот контигент на мерки кој ги бараат министрите на еврозоната треба да обезбеди заштеди од два отсто во БДП.
Но, грчката страна не е задоволна со тие мерки тврдејќи дека нејзините закони не дозволуваат спроведување на таквите мерки.
Европскиот комесар за економија и финансии Пјер Московиќи за грчката новинска агенција ANA-MPA во четврток во врска со пакетот реформи - кои вклучуваат реформи на даночниот и пензискиот систем, лошите кредити и приватните фондови изјави: "Ние поминиавме 99 отсто од патот до тоа, се договоривме речиси за сите аспекти."