Fatjon Cuka
29 Април 2016•Ажурирај: 30 Април 2016
ТИРАНА (АА) - Министерот за енергетика и индустрија на Албанија, Дамјан Ѓикнури, денеска освари работен состанок со министерот за економија на Република Македонија, Дритон Кучи, јавува Anadolu Agency (AA).
Во официјално известување од страна на Министерството за енергетика на Албанија, се истакна дека двајцата министри разговараа за соработката меѓу двете земји во важни области како што е енергетика. Министрите потенцираа на проектот за поврзување меѓу Албанија и Македонија се смета за многу важен. Според министрите, од двете страни веќе се обезбедени финансиските средства и со поврзување на двете земји би можеле да имаат повеќе можности за размена на енергија и продлабочување на соработката во областа на електрична енергија.
"Исто така, разговаравме во врска со прашањата на природен гас, напредокот на проектот ТАП. Разговаравме за можноста за поврзување на Албанија со Македонија, може да имаме соработка во оваа област, па дури и во други економски области. Се разбира односите меѓу двете земји се многу добри и се надеваме економски повеќе да се зајакнат", вели Ѓикнури.
Сепак, во официјалното соопштение се вели дека министерот Кучи изјави дека неговата прва посета на Албанија не е направено случајно.
"Главниот предмет на нашиот разговор беше изградбата на нашата заедничка интерконекција Битола-Елбасан, проект кој ќе помогне да се создаде одржлива стабилност во однос на снабдувањето со електрична енергија. Ќе се зборува, главно, за во иднина да се создаде економска соработка меѓу двете земји. Ние ќе ги споделиме нашите искуства и над се ние ќе се обидеме да ја подобриме економската соработка со Албанија, но и со Косово ", рече Кучи.
Министерот Кучи, исто така, оствари средба, без присуство на медиумите со министерот за економски развој, туризам, трговија и претприемништво, Милва Економи.