Ahmet Gençtürk
02 Април 2023•Ажурирај: 03 Април 2023
АТИНА (АА) - Грција очекува нов бран поскапувања на основните производи, пренесува Анадолу.
Седум од 10 набавувачи и трговци на мало планираат нови покачувања на цените оваа година, објави весникот „Катимерини“, цитирајќи го неодамнешниот извештај на истражувачот на пазарот NielsenIQ.
Грчките потрошувачи веќе се префрлаат од стоките на познатите брендови на приватните поевтини брендови, додека бројот на потрошувачи што бараат квалитетни производи со повисоки цени се намалува, се вели во извештајот.
Уделот на стоките на помалите приватни брендови на малопродажниот пазар надмина 25 отсто.
Во извештајот се наведува и дека инфлацискиот тренд, исто така, се очекува да продолжи и оваа година, а рецесиското економско опкружување ги принудува потрошувачите да бидат повнимателни во трошењето и да обрнат поголемо внимание на попустите и понудите.