Nuray Tunçay
16 Јуни 2016•Ажурирај: 16 Јуни 2016
ФРАНКФУРТ (АА) - Европската централна банка (ECB), најави дека новата банкнота од 50 евра ќе биде претставена на 5-ти јули и се очекува во оптек да биде пуштена напролет 2017 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјавата на Европската централна банка за новата банкнота се вели дека се вршат подесувања на машините за печатење, со цел да бидат компатабилни за печатење и на новата банкнота.
Производителите на банкноти, индустриската асоцијација и Централната банка го потпишаа договорот за усогласување, со кој по презентацијата на новата банкнота од 50 евра, ќе се спроведат адаптации со кои автоматите, банкоматите и апаратите за билети ќе ја распознаваат истата.