Emre Gürkan Abay
17 Јуни 2016•Ажурирај: 18 Јуни 2016
СТ.ПЕТЕРБУРГ (AA) - Во Санкт Петербург во Русија во четврток започна Меѓународниот економски форум (SPIEF), најзначајната економска конференција во Русија, која многумина ја нарекуваат и руски Давос, јавува Anadolu Agency (AA).
Рускиот министер за енергетика Александр Новак во обраќањето кон присутните рече дека Русија ќе го намали извозот на нафта во Белорусија поради долговите на таа земја за плин.
Сепак, не прецизираше во која мерка Русија ќе го намали извозот на плинот во таа земја.
Осврнувајќи се на договорите постигнати во рамките на SPIEF, нагласи дека Газпром и Шел ќе инвестираат вкупно 13 милијарди во три проекти природен плин во Русија.
Во текот на тридневниот собир на учесниците ќе им се обрати и претседателот на Русија Владимир Путин, а предвидено е и одржување на повеќе од 100 панели, тркалезни маси и други манифестации.
Глобалната економија се повеќе е загрозена со политички и социјални фактори, и предизвиците со кои е соочена глобалната заедница бараат конкретни акции со цел достигнување на одржлив и ворамнотежен раст", се наведува во подготвениот говор на Путин објавен на официјалната интернет страница на Форумот.
Се додава дека од клучно значење е, како што се наведува во говорот, владите во светот заедно да работат на барање дополнителни двигатели на развојот.
Форумот се одржува јубилено 20 пат, а оваа година за прв пат во новиот конгресно-изложбен центар Експофорум. На форумот ќе учествуваат претставници на 600 руски и ококлу 500 странски компании од 60 земји од светот.