Muhammed Ali Gürtaş
17 Септември 2018•Ажурирај: 18 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Европската централна банка денес претстави две нови банкноти, од 100 евра и од 200 евра, којшто ќе влезат во оптек од 28 мај 2019 година, јавува Anadolu Agency (AA).
„Новите банкноти од 100 и 200 евра користат нови и иновативни безбедносни карактеристики“, се истакнува од Европската централна банка.
Според банката, новите банкноти се лесни за проверка на допир, според изглед и според методот на накосеност.
„На врвот на сребрената лента сателитски холограм покажува мали € симболи што се движат околу бројот и стануваат појасни под директна светлина“, се вели од банката.
Оттаму додаваат дека новите банкноти од 100 и 200 евра имаат и зголемен светлозелен број.
„Додека светлозелениот број е присутен на сите други банкноти од серијата „Europa“, оваа подобрена верзија, исто така, ги покажува € симболите внатре во броевите.“
„И двете деноминации сега имаат иста висина како банкнотата од 50 евра“, се напоменува од банката. „Сепак, нивната должина останува непроменета - колку што е подолга банкнотата, толку е поголема вредноста“.