Ata Ufuk Şeker
28 Март 2019•Ажурирај: 29 Март 2019
БРИСЕЛ (АА) - Европскиот регулатор за хартии од вредност и пазар на капиталот (ESMA) ја казни агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ („Fitch“) парично со 5,13 милиони евра, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Европскиот регулатор е наведено дека агенцијата „Фич“ е казнета со 5,13 милиони евра поради кршење на прописите на ЕУ.
Нагласено е дека споменатата казна е изречена со оглед на тоа што „Фич“, во периодот меѓу јуни 2013 и април 2018 ги прекршила правилата за спречување на судирите на интереси во случаите на Велика Британија, Франција и Шпанија.
Европскиот регулатор за хартии од вредност и пазар на капиталот од истите причини во 2016 година на споменатата агенција ѝ изрече казна до 1,37 милиони евра. Една година подоцна, Европскиот регулатор ја казни и агенцијата „Модис“ („Moody's“) со 1,24 милиони евра.