Seval Ocak Adıyaman
11 Јануари 2017•Ажурирај: 12 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Извозот на турски чевли минатата година е проценет на 708 милиони долари, односно поголем е за 5,4 отсто во однос на претходната година, изјави Хусеин Четин, официјален претставник на истанбулската Унија на извозници на кожа и кожени производи (IDMIB), јавува Anadolu Agency (AA).
Четин за АА изјави дека извозот на Турција мината година опаднал, но е забележан пораст во извозот на чевлите. Според неговите зборови, кризата во турско-руските односи се одразила и на економијата, а со тоа и на извозот на турските производи.
Тој истакна дека до 2023 година, во секторот обувки, поточно чевли, планираат да извезуваат роба во вредност од 2,5 милијарди долари.
Турција минатата година најмногу извезувала во Ирак (11,5 отсто), Германија (6,2 отсто) и во Саудиска Арабија (5,2 отсто).
„Минатата година извозот на чевли е проценет на 708 милиони долари, односно има зголемување е од 5,4 отсто. Од тоа, 34,5 отсто, односно 244,5 милиони долари имавме само за земјите на Европската Унија. Извозот на турските чевли во земјите на ЕУ е зголемен за 34,6 отсто во однос на претходната година. За зголемувањето на извозот придонесе и брзата и квалитетна испорака и географската близина на Европа“, истакна Четин.
Тој нагласи дека споменатиот сектор има капацитет на производство од 500 милиони пара чевли годишно.
Четин рече дека многу европски компании се задоволни од турските чевли.
„Ние се гордееме со тоа. Оваа година имаме намера да го зголемиме извозот за 20 отсто. Во 2015 година, извозот кон Русија изнесуваше 246 милиони долари, а минатата година е намален на 105 милиони. Со развивањето на односите со Русија, оваа година очекуваме значително зголемување“, додаде Четин.