Zekeriya Güneş
14 Февруари 2016•Ажурирај: 16 Февруари 2016
СИРТ (АА) - Најмалку три лица загинаа, а двајца се повредени кога двокатница се урна во југоисточниот турски град Сирт, јавува Anadolu Agency (AA).
Двоспратна куќа во која живееше десетчлено семејство, утрово се урна, поради засега непознати причини, а спасувачките тимови на Цивилна заштита од рушевините извлече тела на тројца мртви луѓе.
По дојавата за несреќата од локалните жители, пристигнаа и екипи на брзата помош и на Дирекцијата за управување со вонредни состојби (AFAD). Двете повредени лица се пренесени во болница во Сирт.
Директорот на локална канцеларија AFAD за АА рече дека двете повредени лица се надвор од опасност, и дека пет членови од семејството во моментот на уривање на куќата успеале да се спасат.