Gökhan Ergöçün
30 Ноември 2022•Ажурирај: 01 Декември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Годишната стапка на инфлација во еврозоната овој месец изнесуваше 10 отсто, што е намалување од 10,6 отсто во октомври, објави Евростат, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според проценката на Евростат, енергијата е меѓу главните придонесувачи за годишната стапка на инфлација со 34,9 отсто, што е намалување од 41,5 отсто во октомври.
Потоа следуваат храната, алкохолот и тутунот со 13,6 отсто, неенергетските индустриски производи со 6,1 отсто, а услугите со 4,2 отсто.
Меѓу земјите од еврозоната, највисоки годишни стапки забележаа Летонија (21,7 отсто), Литванија и Естонија (и двете 21,4 отсто), додека најниски стапки беа забележани во Шпанија (6,6 отсто), Франција (7,1 отсто) и Малта (7,2 отсто).