Aynur Ekiz
07 Февруари 2017•Ажурирај: 07 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција ќе ја продолжи одлучната борба против терористичките организации сè додека целосно не се бидат уништени ФЕТО, ДЕАШ, ПКК и другите терористички организации кои претставуваат закана за безбедноста на Турција и зa светот, но и кочница за развојот и просперитетот, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Ердоган имаше обраќање пред учесниците на економската конференција која во Анкара ја организираше Унијата на турските комори и берзи (ТОББ), и во таа пригода тој ги најави новите проекти за отворање работни места.
Тој ги критикуваше меѓународните агенции кои го намалуваат кредитниот рејтинг на Турција и рече дека во прилог на тоа наведуваат апсурдни образложенија.
Турскиот претседател Ердоган ја коментираше и актуелната состојба во Турција во врска со започнатиот процес за уставни реформи и притоа рече дека процесот на воспоставување на претседателски систем е започнат со цел ефикасна борба против сите оние кои соработуваат со терористите на ПКК и другите групи за да ја загрозат Турција.
„Ваков чекор преземаме со цел да се спротивставиме на оние кои соработуваат со терористите од Кандил и настојуваат да се прават одредени лоши работи во нашата земја. Затоа, овој процес го третирам како светол чин и убеден сум дека и мојот народ ќе го поддржи и ќе го одобри тоа на референдум“, рече Ердоган.
Коментирајќи во врска со изјавите на противниците на уставните реформи во Турција, Ердоган рече дека е задоволен бидејќи е јасно оти турскиот народ има правилна перцепција и ги разбира игрите на злонамерните кругови.
„Оние кои не сфаќаат дека сите ние сме на ист брод, се обидуваат да го дупнат дното на бродот, бидејќи не го сакаат неговиот капетан, а им помагаат и на оние кои сакаат да ги урнат сите столбови на тој брод. Фала му на Бога, нашиот народ ги гледа тие игри“, рече Ердоган.
Претседателот на Турција, Ердоган, исто така рече дека е незадоволен од кредитната политика во земјата. Истакна дека со таа политика Турција не може да оди напред со крупни чекори и дека властите ќе бараат и ќе најдат решение за тој проблем.
„Сакам да кажам и тоа дека е јасно оти инвеститорите инвестираат со ниски каматни стапки, но дека кочница во развојот е тоа што некои од финансискиот сектор ги зголемуваат каматите два или трипати во однос на препораката на Централната банка на Турција. Затоа, ги повикувам челниците на тој сектор да бидат свесни за тоа", порача Ердоган.
Ердоган додаде дека токму тие високи каматни стапки се главната причина за инфлација во Турција, и изрази уверување дека владата на Турција ќе продолжи решително да работи во правец на решавање на тоа прашање.
„Некои инфлацијата ја оправдуваат со различни причини. Велат поскапеа доматите, компирот или не знам што друго. Тое се сè празни зборови. Сето тоа се случува поради високите каматни стапки. Инфлацијата е последица, а каматите се причина, главната причина за инфлација. Никој нека не нè уверува во спротивното“, заклучи Ердоган.