Ekipa
16 Мај 2017•Ажурирај: 17 Мај 2017
БРИСЕЛ (АА) - Официјалните податоци од Евростат потврдуваат дека растот на економиите во 19 земји кои го користат еврото е стабилен, навистина, не е спектакуларен, но за првиот квартал од оваа година изнесува 0,5 проценти, јавува Anadolu Agency (AA).
Најновите информации на Агенцијата на Европската Унија за статистика, Евростат, (Eurostat), исто така потврдија дека еврозоната во првите три месеци од 2017 година е поуспешна од Соединетите Американски Држави. Според податоците на Евростат, во САД е забележан раст од 0,2 отсто.
Само во Грција е забележан пад. Но, и Грција го намали падот во двата последователни квартали.
Најголемата економија во еврозоната, Германија, со 0,6 отсто раст е клучна во растот на целиот регион, додека на второ место е Франција со 0,3 отсто.
Голем број индикатори покажуваат дека Франција и другите земји се во замав.