Dilara Zengin
01 Февруари 2017•Ажурирај: 02 Февруари 2017
ТЕХЕРАН (АА) - Иран започна процес за изградба на 12 нови рафинерии за нафта, изјави денес Арман Могадам, директор за корпоративно планирање и член на Управниот одбор на Националната иранска компанија за преработка и дистрибуција на нафта (НИОРДЦ), јавува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција „Мехр“, која е блиска со државниот врв, јавува дека Могадам напоменал оти моментално во Иран, во целата земја работат девет рафинерии со вкупен капацитет од 1,73 милиони барели нафта. Тој додаде дека Иран располага со цевководи во должина од 13.000 километри, за пренос на сурова нафта и нафтени деривати.
„Во земјата работат повеќе од 5.500 станици со бензин, гасно масло и компримиран природен гас“, изјави Могадам.
Тој нагласи дека Иран треба да ги оптимизира и да ги реновира рафинериите за нафта во периодот по санкциите.
Иран има за цел да го оживее нафтениот и гасниот сектор во земјата, по укинувањето на санкциите откако беше постигнат нуклеарниот договор со земјите П5+1 во јули минатата година.