Besar Ademi
02 Февруари 2017•Ажурирај: 03 Февруари 2017
СКОПЈЕ (АА) - Агенцијата за вработување на Република Македонија ја објави програмата Практикантство за вработување на младите, кој ќе се реализира со финанциска поддршка од ИПА проектот на Европската унија (ЕУ) „Поддршка за вработување на младите" во вредност од 18 милиони 915 илјади денари, јавува Anadolu Agency (AA).
Конкурсот, кој започнува од денес, ќе трае до исполнување на предвидениот број од илјада учесници. Целта на програмата е младите луѓе да добијат можност за практична обука и искуство од работодавачите од приватниот сектор.
Директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, посочи дека практичниот дел ќе се реализира во период од три месеци, за што учесниците ќе бидат платени со по 6.100 денари месечно за патни трошоци, а по завршувањето на практичниот дел исто така ќе им се даде можноста да се вработат во компанијата каде што го завршиле практичниот дел.
„Досегашните искуства кои што ги имавме во Агенцијата за вработување над 3.157 млади лица од 2009 година поминаа преку оваа програма, дел од нив беа ангажирани преку вториот грант на Агенцијата за вработување што го добивме од ЕУ за помош на агенцијата и помош на оние што бараат работа, и од истите имаме вработено над 1.872 лицаво Р.М", изјави Поповски, додавајќи дека над 60 отсто од практикантите успеале да се вработат.
Во меѓувреме, шефот на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ во Скопје, Никола Бертолини, рече дека во овие тешки денови, кога земјата се соочува со политичка криза, најважно дело е справувањето со невработените млади.
„Нешто е направено, а се работи да се направи уште нешто друго. Во оваа програма, процентот на Албанците може да се подобри и зголеми. Ние исто така знаеме дека вработувањето на младите Роми е многу мал, но добрите резултати се дека над 68 отсто од вработените се жени, што е позитивно за зголемување на родовата еднаквост”, рече Бертолини.
Инаку, програмата за практиканство е насочена кон младите невработени лица на возраст до 29 години со средно и високо образование. Од Агенцијата за вработување пренесуваат дека во изминатите години за програмата имало голем интерес, како од млаидте невработени лица, така и од работодавачите од приватниот сектор. Во изминатиот период, од вкупниот број на невработени млади лица кои земале учество во оваа програма, 60 отсто актуелно се со статус вработен.