Alııa Raımbekova
04 Февруари 2020•Ажурирај: 04 Февруари 2020
НУРСУЛТАН (АА) - Министерот за енергетика на Казахстан, Нурлан Ногајев, соопшти дека оваа недела ја очекуваат посетата на делегацијата од Белорусија за да разговараат за испораката на нафта за таа земја, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ногајев по состанокот на Советот на министри соопшти дека оваа недела делегациите на државната белоруска нафтена компанија „Белнефтехим“ допатуваа во Нурсултан заради преговори.
Се додава дека се работи на потпишување на договорот за соработка во полето на нафтата и нафтените производи.
„Откако договорот ќе биде потпишан, Белорусија ќе може од нас да купи нафта. На барање на Белорусија, организиравме разговори со казахстанските нафтени компании“, изјави Ногајев.
Белорусија кон крајот на декември минатата година не успеа да постигне договор со Русија за условите за испорака на нафта, а Москва од 1 јануари ја запре испораката на нафта за Белорусија.
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, претходно соопшти дека поради високите цени на руската нафта мораат да побараат алтернативни патишта.