Aliia Raimbekova,Gamze Türkoğlu Oğuz
18 Јули 2016•Ажурирај: 19 Јули 2016
АСТАНА (АА) - Во терористичкиот напад на седиштето на полицијата и на Комитетот за национална безбедност (КНБ) во градот Алма Ата во Казахстан, животот го загубија четири лица, од кои еден цивил и тројца полицајци, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за внатрешни работи соопшти дека непознати лица извршиле оружен напад врз седиштето на полицијата на Алма Ата и на Комитетот за национална безбедност, и откако му го одзеле оружјето на ранетиот дежурен полицаец, избегале од местото на настанот.
Во соопштението се вели дека по нападот бил отворен оган врз полициската екипа која тргнала во потера по напаѓачите, при што биле ранети двајца полицајци. За време на операцијата што полицијата ја организирала за фаќање на напаѓачите, настанал судир меѓу двете страни при што животот го загубиле четири лица, тројца полицајци и еден цивил.
Во првата изјава беше соопштено дека во нападот биле ранети седум полицајци.
На почетокот од месец јуни, терористите извршија оружен напад врз продавница за оружје и на војската во градот Актобе, во Казахстан. По нападот во организираните операции беа убиени околу 20 терористи.