Aliia Raimbekova
02 Август 2016•Ажурирај: 03 Август 2016
АСТАНА (АА) - Казахстан и Русија потпишаа договор со кој се поставуваат нови прописи околу користењето на радарската станица во Балхаш, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението што го даде Министерството за одбрана на Казахстан, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, во рамките на својата посета на Казахстан, се сретнал со својот колега Имангали Тасмагамбетов.
Беше соопштено дека на средбата станало збор за соработката на полето на одбраната. Беше соопштено дека Русија на Казахстан му испорачала 5 ракетни системи C-300, а 170 противавионски ракетни проектили за овој ракетен систем ќе бидат испорачани по завршувањето на потребната процедура.
Покрај тоа, на средбата меѓу Русија и Казахстан беше потпишан договор во кој се поставени нови услови за користењето на радарската станица Балхаш при ракетен напад.
Министерот за одбрана на Казахстан, Тасмагамбетов рече дека потпишаниот договор ќе постави нови рамки и граници во соработката од областа на воената технологија.
Договорот во своите рамки ги опфаќа правото на министерствата за одбрана на Русија и Казахстан заеднички да ја користат радарската станица Балхаш; Русија да им дава обука на експертите од Казахстан и да се стеснат границите на областите кои досега Русија ги користела во Казахстан.
Во рамките на договорот кој минатата година беше постигнат меѓу двете земји на полето на воено-техничката соработка, за пониска цена, Казахстан купи воен авион, хеликоптер и радар од Русија.