Emre Aytekin
03 Февруари 2026•Ажурирај: 05 Февруари 2026
ПЕКИНГ (АА) – Кинеската бродоградбена индустрија и во 2025 година остана водечки производител на бродови во светот, според вкупното производство, како и според уделот во новите и тековни нарачки, според официјалните податоци, јавува Анадолу.
Вкупната бродоградба во земјата изминатата година реализира пловила со вкупна носивост од 53,69 милиони тони, што е зголемување од 11,4 проценти во споредба со претходната година, покажуваат податоците од Министерството за индустрија и технолошка информација.
Според податоците, производството во Кина сочинува 56 отсто од глобалното производство.
Нарачките кои се во тек на реализација, се со вкупна носивост од 274,42 милиони тони, што претставува 66,8 отсто од глобалното производство.
Новите нарачки се со вкупна носивост од 107,82 милиони тони, со што Кина учествува со 69 отсто во глобалниот пазар.
Кина е светски лидер во бродоградбата веќе 16 години.