?????
23 Декември 2015•Ажурирај: 23 Декември 2015
ПЕКИНГ (АА) - Работникот Тиан Земинг пронајден е жив откако 60 часа минал под урнатините, кои настанаа кога свлечиште уништи 33 објекти во јужниот дел на Кина, јавува Anadolu Agency (AA).
Свлечиштето се создаде во неделата и уништи 33 згради во индустриската зона во кинескиот рад Шенжен. Спасувачките екипи деноноќно работат на теренот за проноѓање на преостанатите 70 лица.
Пронајден е маж со слаб пулс и веднаш е хоспитализиран. Недалеку под урнатините од кои е извлечен, пронајдено е уште едно безживотно тело.
Властите на конференцијата за медиумите соопштија дека Земинг е пронајден во многу тешка ситуација, а неговото спасување траело неколку часа.
На теренот покрај достапната работна сила, ангажиран е голем број на машини и кучиња трагачи.