Övünç Kutlu
24 Септември 2021•Ажурирај: 27 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Кинеската централна банка денеска објави дека ќе ги заостри регулативите за активностите поврзани со криптовалутите, односно тргувањето со нив и т.н. „копање“, бидејќи Пекинг го интензивира сузбивањето на дигиталните коини, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Централната банка на Кина и девет други владини оддели заедно објавија известување за понатамошно спречување и справување со ризиците поврзани со тргувањето со виртуелни валути и шпекулациите“, јави кинеската државна новинска агенција „Синхуа“.
„Кина ќе ги засили мерките за виртуелното „копање“ на валутите како дел од напорите на државата да заштеди енергија и да ги намали емисиите на јаглерод диоксид... Државата ќе ги заостри прописите за текот на целиот процес на виртуелно „копање“ (рударење) и строго ќе забрани нови такви проекти“, истакнува Агенцијата, додавајќи: „Виртуелното копање валути е енергетски консумирачко, произведува високи емисии на јаглерод диоксид и дава мал придонес кон економијата.“
Другите регулативи на Народната банка на Кина на пазарот вклучуваат забрана за тргување, издавање токен и деривати за криптовалути.
Исто така, ќе започне со сметање на размената на криптовалути во странство, преку кои се нудат услуги за жителите во Кина, како нелегална финансиска активност.
Освен тоа, на финансиските институции, небанкарските платежни компании и на интернет-компаниите ќе им биде забрането да го олеснуваат тргувањето со криптовалути.
Регулативите на кинеската Влада за криптопазарот во последно време станаа почести.