Aysu Biçer
01 Јуни 2022•Ажурирај: 02 Јуни 2022
БЕРЛИН (АА) - Малопродажбата во Германија во април падна за 5,4 отсто на месечна основа, што е најголем пад во последните 12 месеци, јавува Агенција Анадолија (АА).
Сојузниот завод за статистика на Германија (Дестатис) утринава објави извештај во кој се наведува дека падот на малопродажбата го надминала очекуваното намалување од 0,2 отсто.
Експертите сметаат дека поскапувањето на енергијата и храната се главните причинители за оваа појава.
Продажбата на храна е падната за рекордни 7,7 отсто, додека продажбата на непрехранбени производи е падната за 4,4 отсто.
Од друга страна, продажбата на нарачки преку пошта, преку интернет и продажбата на мало пораснаа за 5,4 отсто.