Ekip
27 Јануари 2017•Ажурирај: 28 Јануари 2017
БЕРЛИН (AA) - Германските обвинители објавија дека имаат доволно докази што укажуваат дека е можно Мартин Винтеркорн, поранешен извршен директор на „Фолксваген“, да знаел за мамењето на софтверот од тестовите за емисија, пред тој да го тврди тоа, јавува Anadolu Agency (AA).
Винтеркорн поднесе оставка во септември 2015 година, неколку дена откако во САД се појави веста дека „Фолксваген“ користи софтвер за мамење на тестовите за емисија на гасови. Тогаш Винтеркорн изјави дека не бил свесен за какво било незаконско работење.
Обвинителите од Брауншвајг во денешното соопштение наведуваат дека бројот на осомничените во случајот за „Фолксваген“ е зголемен од 21 на 37 лица.
Винтеркорн и останатите се под истрага поради обвинение за измама и поради тоа што навреме не ги известиле акционерите за проблемот со кој компанијата би можела да се соочи.