Canberk Yüksel
06 Март 2017•Ажурирај: 06 Март 2017
ЊУЈОРК (АА) - Директорот на ФБИ, Џејмс Коми побара, од американското Министерство за правда да ги побие наводите на претседателот Доналд Трамп за прислушување, пренесува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Трамп, го обвини без докази неговиот претходник Барак Обама, за голем број протекувања на информации, кои придонесоа за неглаткиот почеток на работата на неговата администрација. Обама ги отфрли овие тврдења.
„Њујорк тајмс“ вчера објави дека Коми писмено се обратил до Департментот во текот на викендот, барајќи јавно да ги отфрли тврдењата на Трамп.
Реакцијата следува откако портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер го разгоре огнот со тврдењата на претседателот, нарекувајќи ги „многу загрижувачки“.
Во серија твитови вчера, Спајсер го повика Конгресот да испита дали одделите на истражните власти се злоупотребени во 2016 година.
Директорот на ФБИ, Коми, е највисокиот службеник во разузнавањето оставен на функцијата по 20 јануари.
Минатиот октомври тој испрати контроверзно писмо до Конгресот во кое вели дека ФБИ повторно ќе ја отвори истрагата за скандалот со мејловите на кандидатката за претседател, Хилари Клинтон.
Тој потег, кој се случи речиси две недели пред изборите во САД на 8 ноември, се смета дека има големо влијание за исходот на изборите.