Gökhan Ergöçün
09 Јули 2024•Ажурирај: 11 Јули 2024
ИСТАНБУЛ (АА) – Кинеската компанија БЈД (BYD), најголем светски производител на електрични возила, вчера потпиша договор со турското Министерство за индустрија и технологија за инвестиции во Република Туркије, јавува Анадолу.
Ресорното турско Министерство соопшти дека очекува БЈД да изгради фабрика во Туркије со капацитет за производство на 150.000 возила годишно, како и центар за мобилност и истражување и развој со вкупна инвестиција од една милијарда долари.
Се очекува компанијата да започне со производство на крајот на 2026 година и да отвори 5.000 работни места.
Договорот беше потпишан на церемонија на која присуствуваа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, турскиот министер за индустрија и технологија Мехмет Фатих Каџир и претседателот и извршен директор на БЈД, Ванг Чуанфу.
Ердоган одвоено се сретна и со делегацијата на БЈД во Истанбул.
Туркије вчера најави и воведување дополнителен данок од 40 % за увезените возила од Кина, со цел да се зголеми уделот на домашното производство на турскиот пазар и да се поттикнат инвестициите.
Комисијата на Европската Унија најави и дополнителни царини за електричните возила од Кина.
Кинескиот производител на автомобили СВМ (SWM) вчера објави дека аплицира за изградба на фабрика во Република Туркије.