Emre Gürkan Abay
30 Август 2017•Ажурирај: 01 Септември 2017
МОСКВА (АА) - Нето-добивката на руската енергетска компанија „Гаспром“ во вториот квартал, споредено со истиот период минатата година, е намалена за 80 отсто, и изнесува 48 милијарди рубљи (685 милиони евра), јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го објави „Гаспром“ се вели дека во вториот квартал од оваа година, вкупните приходи на компанијата, споредено со истиот период минатата година, забележуваат пораст од 4,5 отсто и изнесуваат 1 трилион и 400 милијарди рубљи (околу 20 милијарди евра).
Нето-добивката за истиот период е намалена за 80 отсто и изнесува 48 милијарди рубљи (685 милиони евра).
Во соопштението се наведува дека поради измената на девизните курсеви, компанијата во вториот квартал од оваа година има претрпено загуба од 140 милијарди рубљи (околу 2 милијарди евра). Во продолжението се истакнува дека нето-долгот што компанијата го има во првата половина од оваа година, во однос на минатата година, забележал раст од 19 отсто, и изнесува 2,9 трилиони рубљи (околу 41,4 милијарди евра).
„Гаспром“ планира оваа година да го зголеми своето производство на гас во однос на минатата година за 2,7 отсто, произведувајќи 430,4 милијарди кубни метри природен гас.