Mahmut Atanur
12 Ноември 2020•Ажурирај: 12 Ноември 2020
ЏАКАРТА (АА) - Премиерот на Кина, Ли Кичианг, истакна дека Асоцијацијата на нациите на Југоисточна Азија (АСЕАН) стана најголемиот трговски партнер на Кина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ли имаше свое обраќање на 23. Самит на АСЕАН-Кина (10+1), организиран преку видеоконференција под водство на Виетнам кој е во својство на претседавач.
Кинескиот премиер нагласи дека трговијата помеѓу Кина и АСЕАН забележа раст во првото тримесечје на годината, наспроти економските контракции и намалувањето на трговијата низ светот како резултат на новиот вид коронавирус (Ковид-19).
Според Ли, забележан е раст од 70 отсто во инвестициите на Кина и земјите членки на АСЕАН во споредба со истиот период минатата година, а во овој процес АСЕАН станал најголемиот трговски партнер на Кина.
Ли рече дека развивањето на партнерството помеѓу Кина и АСЕАН е предизвикано од заемна корист, соработка, пријателство, дијалог и блиска соработка.
Нагласувајќи дека Кина и АСЕАН ја зајакнале соработката во борбата против пандемијата, Ли истакна дека извршиле различни работи со цел надминување на негативните ефекти на пандемијата врз економијата.
Кинескиот премиер укажа на важноста на решавањето на разликите и несогласувањата меѓу страните врз основа на консултации, додека подвлече дека треба да се инсистира на дијалог и консултација со цел да се постигне напредок во развојот.
До 15 ноември ќе продолжат состаноците кои ќе се организираат онлајн во рамки на 37. Самит на АСЕАН кој се одржува под водство на Виетнам.