Mehmet Alaca
14 Јуни 2022•Ажурирај: 15 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Русија ја престигна Саудиска Арабија и стана втор најголем снабдувач на нафта во Индија по Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите што ги објави „The Times of India“, Индија во мај купила околу 25 милиони барели руска нафта, што одговара на повеќе од 16 отсто од вкупниот увоз на нафта во земјата.
Уделот на сировата нафта од руско потекло во нејзиниот вкупен увоз по поморски пат во првите квартали од 2021 и 2022 година беше под 1 процент, сега во април за прв пат достигна 5 проценти.
Ирак ја задржа својата позиција како најголем снабдувач на Индија минатиот месец, а Саудиска Арабија падна на третото место, зад Русија.
- Ефтина сирова нафта од Русија
Индија, која е трет најголем увозник на нафта во светот, се залага за купување сирова нафта од Русија од почетокот на војната меѓу Русија и Украина.
Министерството за нафта на Индија минатиот месец соопшти дека енергијата добиена од Русија останала незначителна во споредба со вкупната потрошувачка на Индија.
На глобално ниви, се намали интересот за руската сирова нафта, која беше подложена на различни санкции поради војната во Украина.
Во време кога глобалните цени на енергијата растат, Индија користи евтина руска нафта за да ги задоволи своите енергетски потреби.
Индија купува руска нафта со попуст од близу 30 долари за барел.