Aysu Biçer
03 Декември 2020•Ажурирај: 04 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Турција во ноември забележа раст на потрошувачките цени од 14,03 отсто на годишно ниво, соопшти Турскиот статистички институт (ТуркСтат), пренеусва Агенција Анадолија (АА).
„Годишната стапка на инфлација се зголеми за 2,14 процентни поени во ноември, од 11,89 отсто во октомври“, според ТуркСтат.
Стапката на инфлација во ноември 2019 година изнесуваше 10,56 отсто.
Највисоко годишно зголемување на цените е забележано кај разни производи и услуги со 29,42 отсто, храна и безалкохолни пијалоци со 21,08 отсто и транспорт со 18,67 отсто.
Спротивно на тоа, ниско годишно зголемување на цените е забележано во облеката и обувките со 0,99 отсто, комуникациски услуги со 5,19 отсто и образование со 7 отсто.
Индексот на потрошувачки цени на месечна основа забележа пораст од 2,30 отсто.
Податоците покажуваат дека категориите кои забележале најголем пораст на месечно ниво се транспортот со 4,51 отсто, безалкохолните пијалоци 4,16 отсто и мебелот и опремата за домаќинство со 1,69 отсто.
Комуникациските услуги со 0,12 отсто и здравството со 0,80 отсто се групи кои укажуваат на најмал месечен раст.
Во ноември, единствената главна група која покажува пад е образованието со 0,19 отсто.
Официјалните податоци покажуваат дека немало месечна промена кај алкохолните пијалоци и тутунот.
12-месечното просечно покачување на потрошувачките цени изнесуваше 12,04 отсто, заклучно со ноември.
Целта на Владата за стапката на инфлација до крајот на годината е 10,5 отсто.