Yunus Girgin
05 Јануари 2021•Ажурирај: 07 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Реализираниот извоз на Турција во изминатата 2020 година достигна вредност од 169,5 милијарди долари, соопшти денес турската министерка за трговија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турција во декември го регистрираше највисокиот реализиран извоз на месечно ниво досега од 17,8 милијарди долари, што е за 16 отсто повеќе од истиот период претходната година, истакна Рухсар Пекџан за време на состанокот за оценка на надворешната трговија за изминатата година во главниот град Анкара.
Увозот на Турција, исто така, забележа пораст за 4,3 отсто и во 2020 година изнесува 219,4 милијарди долари.
Укажувајќи на негативните последици што ги има пандемијата на Ковид-19 врз глобалната економија, Пекџан рече дека Турција и при такви пазарни услови остварила забележителни успеси, и дека се очекуваат нови големи економски исчекори во наредниот период.
Бројот на турски извозници минатата година надмина 87.400, што е за 3,6 отсто повеќе од бројот на извозници во 2019 година.