Mehmet Fatih Erdoğdu
12 Септември 2019•Ажурирај: 14 Септември 2019
АНКАРА
Мехмет Фатих ЕРДОГДУ
Во периодот јануари - јуни Турција во 162 земји оствари извоз на неткаена облека и аксесоари во висина од 3 милијарди 304 милиони и 418 илјади долари, а најголема продажба е остварена во земјите од Европа.
Врз основа на анализа на објавените информации од страна на Државниот завод за статистика на Турција, новинарот на Anadolu Agency (AA) дојде до податокот дека Турција го задржала напредокот што го има последните неколку години во извозот на неткаена облека и аксесоари.

Во овој сектор во првата половина од годинава, споредено со истиот период минатата година, забележан е зголемен извоз за 84 милиони долари.
Споредувајќи го увозот за првото шестмесечје од годинава со истиот период минатата година, тој е намален за 29%, додека во извозот е забележан раст од 2,6%. Во периодот јануари - јуни остварен е извоз на неткаена облека и аксесоари во висина од 3.304.418.000 долари. Во истиот период минатата година беше остварен извоз од 3.220.422.000 долари.
- Најголем извоз во Европа
Турција во првото шестмесечје од годината оствари извоз на неткаена облека и аксесоари во 162 земји од светот. Најголем извоз е остварен во земјите од Европа. Земја во која е реализиран најголем извоз на неткаена облека и аксесоари е Шпанија со 645.906.000 долари, што претставува речиси 19% од вкупниот извоз на неткаена облека и аксесоари на Турција.
По Шпанија следува Германија во која се извезени неткаена облека и аксесоари во висина од 427.754.000 долари, по која следуваат Велика Британија со 293.237.000 долари, Холандија со 205.649.000 долари и Франција со 137.391.000 долари.
- Намален е увозот
Во споменатиот период увозот во Турција изнесува 368.366.000 долари, што е намалување од 145 милиони долари во однос на минатата година, кога во истиот период беше остварен увоз во висина од 513.405.000 милиони долари.
Најголем увоз на неткаена облека и аксесоари во висина од 67 милиони долари Турција реализира од Бангладеш. Следуваат Кина со 52 милиони долари, Италија со 34 милиони и Египет со 22 милиони долари.
Според податоците на турскиот Завод за статистика, Турција во периодот јануари - јуни најголем извоз на неткаена облека и аксесоари остварила во следните 15 земји (во долари):
| Шпанија | 645.905.898 |
| Германија | 427.753.793 |
| Велика Британија | 293.236.853 |
| Холандија | 205.648.778 |
| Франција | 137.391.142 |
| Израел | 122.171.469 |
| Данска | 107.510.226 |
| Ирак | 106.035.082 |
| Италија | 96.953.608 |
| САД | 96.761.712 |
| Саудиска Арабија | 79.878.143 |
| Иран | 64.285.370 |
| Полска | 59.314.133 |
| Руска Федерација | 58.013.288 |
| Либија | 45.141.165 |