Onur Usta
26 Април 2016•Ажурирај: 27 Април 2016
ПАРИЗ (АА) - На вечерата која што ја приреди издавачката куќа "Revue Passages/Adaptes" коja во рамките на францускиот Сенат, присуствуваше и амбасадорот на Турција во Париз, Хаки Акил, кој даде своја проценка за проблемот со бегалците, јавува Anadolu Agency (AA).
Амбасадорот на Турција во Париз, Хаки Акил, истакнувајќи дека Турција не е во можност самата да се справи со бегалската криза рече дека „меѓународната заедница е потребно да преземе дел од одговрноста за бегалската криза. Потребно е ОН и останатите меѓународни организации да ѝ дадат поголема помош на Турција."
Акин истакна дека ниту една партија во Турција ситуацијата со бегалците не ja користи како политички адут и додаде дека "Турција од самиот почеток на ситуацијата со бегалците не гледа како на уцена туку како на човечки проблем, и им ја даде потребната помош на бегалците. Турското јавно мнение оваа тема ја гледа од овој аспект."
Амбасадорот Акил додаде дека помошта која Турција им ја дава на бегалците ја надминала вредноста од 10 милијарди долари и ја истакна потребата од зголемување на меѓународната помош за Турција.
"Меѓународните организации е потребно да преземат одговорност за бегалската криза. Обединетите Нации (ОН) и останатите меѓународни организации треба да ѝ дадат поголема помош на Турција."
Во врска со договорот меѓу ЕУ и Турција околу решавањето на бегалската криза и обвинувањата дека Турција врши "уцена", амбасадорот Акил ги смета за неосновани, додавајќи дека „отворањето на нови поглавја во визната либерализација и разговорите за членство во Европската унија (ЕУ) се дел од заложбите кои претходно ги даде ЕУ. Турција не презентира ништо ново. Неприфаливи се обвинувањата дека Турција е привилегирана.”
Амбасадорот Акил потсети дека за воведување на безвизниот режим е потребно исполнување на 72 услови и затоа Турција започнала со преземање на одредени чекори со што ќе се обезбедат потребните услови. Како резултат на преземените мерки, Акил истакна дека е намален бројот на илегални премини преку Егејското Море како и бројот на бегалци кои своите животи ги губат при потонување на пловилата.