Gökhan Ergöçün
03 Септември 2018•Ажурирај: 04 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Турција во странство продаде речиси 287.000 тони лешници за време на извозната сезона, остварувајќи приходи во износ од 1,78 милијарда долари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Националната Унија на извозници истакна дека извозот во периодот помеѓу септември 2017 и август 2018 година се зголемил за 21,6 отсто во однос на истиот период една година претходно.
Едип Севинч, претседател на Унијата на извозници на лешници од регионот на Црното Море, нагласи дека извозот на лешници е од големо значење за Турција бидејќи секторот обезбедува прилив на странски валути и дека земјата во овој поглед нема потреба да увезува ништо.
„Секторот за одгледување лешници е исто така незаменлив поради вработувањето што го обезбедува во регионот на Црното Море во Турција“, додаде тој.
Околу 75 отсто од турскиот извоз на лешници оваа сезона е реализиран во земјите од Европската Унија (ЕУ), во износ од околу 1,3 милијарда долари.
Според статистичките податоци на Унијата, и покрај зголемениот обем на продажба, вредноста на извозот паднала за 5,3 отсто во споредба со истиот период од претходната сезона.
Турција оствари извоз од речиси 236.000 тони лешници и оствари приход од 1,88 милијарда долари во текот на целата извозна сезона за 2016/2017 година.
Инаку, Турција е најголем извозник на лешници во светот.