Ruslan Rehimov
10 Септември 2021•Ажурирај: 11 Септември 2021
БАКУ (АА) - Турскиот министер за трговија, Мехмет Муш, денеска вети дека Турција уште повеќе ќе ги развива деловните односи меѓу Турција и Азербејџан, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Трговските односи меѓу Турција и Азербејџан се многу добри. Сакаме уште повеќе да ги развиеме“, рече министерот Муш, кој престојува во главниот град на Азербејџан, Баку, за 10. состанок на Туркискиот совет на министри задолжени за економијата.
Нагласувајќи дека Турција има силен производствен капацитет, Муш рече: „Економиите на Азербејџан и Турција не се ривалски, туку се надополнуваат едни со други.“
„И покрај тоа што сегашните трговски врски се добри, тие не се доволни. Ќе се стремиме да ги интензивираме“, додаде Муш.
Туркискиот совет е основан во 2009 година како меѓувладина организација со цел промовирање сеопфатна соработка меѓу државите од туркиското говорно подрачје.
Дел од Советот се Азербејџан, Казахстан, Киргистан, Турција и Узбекистан како земји членки и Унгарија како земја набљудувач.