Talha Yavuz
10 Септември 2021•Ажурирај: 11 Септември 2021
КИЕВ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски истакна дека НАТО без Украина ќе биде во загуба, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Зеленски говореше на Форумот „Европска стратегија на Јалта“ што се одржува во Киев.
Истакнувајќи дека тие сметаат дека на Украина ѝ треба НАТО, Зеленски рече: „Сметаме дека нема да има силна Европска Унија (ЕУ) без Украина. Ова отворено му го кажувам на претседателот на Соединетите Американски Држави, НАТО без Украина ќе биде загуба за НАТО.“
Зеленски, исто така, нагласувајќи дека се подготвени да влезат во НАТО, рече дека ЕУ без Украина постепено ќе ослабнува.
На прашањето дали постои можност за сеопфатна војна со Русија, Зеленски рече дека смета дека постои таква можност, и дека ќе биде најголема грешка на Русија да влезе во таква војна.
Зеленски наведе дека ако се случи евентуална војна, меѓусоседските односи меѓу двете земји нема да бидат можни.