Ekip
01 Јуни 2018•Ажурирај: 02 Јуни 2018
ВОЛФСБУРГ (AA) - Германската компанија „Фолксваген“, најголемиот европски производител на автомобили, предупреди дека одлуката на администрацијата на Доналд Трамп да воведе тарифи за увоз на челик и алуминиум за Канада, Мексико и во Европската Унија би можела да предизвика трговска војна, во која нема да има победник, јавува Anadolu Agency (AA).
„Фолксваген“ денеска издаде соопштение во кое на воведувањето на тарифите гледа со „жал и загриженост“.
„Постојат стравувања дека ова го означува почетокот на негативна спирала на мерки и контрамерки во кои на крајот нема да има победник“, нагласуваат од „Фолксваген“.
Компанијата со седиште во Волфсбург повика на дијалог меѓу САД и Европската Унија во контекст на признатите принципи на Светската трговска организација (СТО), „со цел да се спречи долгорочна економска штета“. Тие, исто така, предупредуваат дека „секоја ескалација е штетна за двете страни“.
Покрај фолксваген, компанијата произведува ауди, порше, шкода, сеат и неколку други брендови.