Bahattin Gönültaş
28 Септември 2023•Ажурирај: 29 Септември 2023
БЕРЛИН (АА) - Компјутерскиот систем на германскиот производител на автомобили Фолксваген вчера имал голем дефект и компанијата морала да го запре производството во голем број фабрики, јавува Анадолу.
Според германската новинска агенција (DPA), настанал прекин во „мрежата на компјутерскиот систем“ во седиштето на Фолксваген во Волфсбург.
Запрено е производството во четири фабрики за возила во Германија.
Фабриките за делови во Волфсбург, Емден, Цвикау и Оснабрик, Касел, Брауншвајг и Залцгитер, исто така се погодени од дефектот на компјутерскиот систем.
Портпаролот на компанијата наведе дека брендовите „порше“ и „ауди“ од групацијата Фолксваген исто така се погодени од дефектот на системот и дека е формирана кризна маса што ќе го испита изворот на дефектот.
Портпаролот ја отфрли можноста за кибернапад.
Во извештајот на германскиот економски весник „Ханделсблат“ се наведува дека дефектот е откриен и во други земји во кои постојат фабрики на најголемиот европски производител на автомобили Фолксваген.
Тојота, најголемиот светски производител на автомобили, исто така беше принудена да ги прекине сите активности на 28 монтажни линии во своите четири погони во август поради дефект во производствениот систем.