Ayhan Şimşek
17 Март 2023•Ажурирај: 22 Март 2023
БЕРЛИН (АА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц денес изјави дека банкарскиот систем на неговата земја е надвор од опасност и е отпорен, јавува Анадолу.
„Депозитите на германските штедачи се безбедни. Не само поради поголемата отпорност на банкарскиот систем и построгата регулатива, туку и поради нашата економска сила“, изјави Шолц во интервју за весникот „Ханделсблат“.
Шолц истакна дека не гледа ризик од повторување на големата финансиска криза од 2008 година и покрај загриженоста на пазарите по падот на американската банка „Силикон вали“ и падот на „Кредит суис“.
„Живееме во сосема поинакво време. Законодавците и банкарските регулатори ги научија лекциите од банкротот на Леман Брадерс во 2008 година“, рече германскиот канцелар.
Тој посочи дека банкарските регулативи се построги од тогашните и додаде дека властите во САД, Велика Британија и неодамна во Швајцарија постапиле брзо и одлучно.