Belgin Yakışan Mutlu
17 Август 2020•Ажурирај: 18 Август 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Економијата на Јапонија во вториот квартал оствари пад од 27,8 отсто во однос на истиот период минатата година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Министерството за економија на Јапонија, бруто домашниот производ во Јапонија во период април-јуни е намален за 7,8 отсто во однос на претходното тримесечје.
Истиот извор наведува дека економијата на Јапонија во вториот квартал остварила пад од 27,8 отсто во однос на истиот период минатата година.
Експертите очекуваа дека економијата на земјата во второто тримесечје ќе оствари пад од 27,2 отсто на годишно ниво.
Јапонија се соочуваше со низок економски раст и пред пандемијата на Ковид-19, а најновите податоци покажуваат дека кризата предизвикана од пандемијата остварила многу негативни финансиски ефекти и на оваа земја.
Падот на јапонската економија во второто тримесечје претставува најголем пад од 1980 година, кога започнаа да се објавуваат официјалните податоци за БДП.