Bahattin Gönültaş
17 Август 2020•Ажурирај: 18 Август 2020
БЕРЛИН
Во периодот на пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19) е зголемена кредитната побарувачка на германските компании, но овие компании се соочиле со банки кои не се доволно подготвени за издавање на кредити, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Институтот за економски истражувања со седиште во германскиот град Минхен ги објави резултатите од анкетата за кредитна побарувачка за вториот квартал на оваа година во Германија.
Според оваа анкета, 34,4 отсто од германските компании имале преговори за кредити во вториот квартал во годината, период кога беа донесени јавни ограничувања насочени кон спречување на ширењето на пандемијата на Ковид-19.
Оваа стапка во секторот за храна и пијалоци изнесува 68,7 отсто, во секторот за хотелиерство изнесува 60,7 отсто, во секторот за патување 50,7 отсто, во секторот за малопродажба 37,6 отсто, во секторот за индустрија 34,6 отсто, додека во секторот за градежништво 23,8 отсто.
Во соопштението на Институтот за економски истражувања се наведува дека во првиот квартал на оваа година 29,3 отсто од германските компании поднеле барање за кредит.
Класу Волхрабе, директор на Центарот за анкети при Институтот за економски истражувања на оваа тема рече дека 19,4 отсто од компаниите кои имале преговори со банките за подигање кредит, соопштиле дека банките кон нив се однесувале исклучително претпазливо во оваа насока, додавајќи „Ова е највисоко ниво од 2017 година досега“.