Recep Bilek
16 Јуни 2018•Ажурирај: 17 Јуни 2018
КОЛОМБО (АА) - Најзастапено возило во Шри Ланка е „тук-тук“, кое служи за транспорт на луѓе и стоки. Токму овие возила во многу земји од Далечниот Исток се користат како еден вид такси, а населението ги користи за извршување на секојдневните обврски, јавува Anadolu Agency (AA).
Сепак, „тук-тук“ во Шри Ланка се користи и за туристички цели, односно за превоз на туристите кои доаѓаат оддалеку за да уживаат во убавините на оваа земја.

Поради малите димензии, движењето низ населената средина со „тук-тук“ е многу полесно отколку со другите видови превозни средства.
Шри Ланка е широко позната по тропските шуми, полињата со чај, по оризот и каучукот, а главен извор на приходи е чајот. Станува збор за земја во која живеат 22 милиони луѓе од различни религии и култури.

Античките градови се ставени под заштита на УНЕСКО, а храмовите и градбите се сведоци на долгогодишната традиција.
Околу 74 отсто од населението во Шри Ланка зборува синхалски јазик, 18 отсто тамилски, а 8 отсто на други јазици.