живот

Белиот леб во Македонија со најголем процент на сол во светот

Најголем процент сол на секои 100 грама кај белиот леб е откриен во Македонија, каде што солта е застапена со 1,42 г, додека во Кина, белиот леб содржи најмалку сол

Ayşe Doğru  | 19.03.2018 - Обновена : 20.03.2018
Белиот леб во Македонија со најголем процент на сол во светот

Ankara

АНКАРА (АА) - Светското движење за сол и здравје (WASH) спроведе истражување со кое е утврдено дека застапеноста на солта во некои видови леб е блиска до онаа во морската вода, пренесува Anadolu Agency (AA).

На интернет-страницата на WASH, објавено е истражувањето, спроведено заедно со Универзитетот „Квин Мери“, околу содржината на солта во лебот, кој е важен извор на храна.

Анализата е спроведена во 32 земји во кои е истражувана застапеноста на солта во повеќе од 2.000 видови леб, како што е белиот, пченкарниот, интегралниот, ’ржаниот...

Најголем процент сол на секои 100 грама кај белиот леб е откриен во Македонија, каде што солта е застапена со 1,42 г, додека во Кина, белиот леб содржи најмалку сол, бидејќи во оваа земја, на секои 100 грама леб има 0,65 грама сол.

Анализата покажа дека кај сомуните и интегралните лебови, застапеноста на солта е поголема од сите други видови. Кај лебот од мешано брашно е забележано најмало количество сол, каде што на секои 100 грама во просек се наоѓа 1,02 грама сол.

Најмногу сол е забележано во еден вид леб што се произведува во Канада, каде што на 100 грама леб има 2,65 грама сол. Оваа вредност е многу блиска со застапеноста во морската вода, каде што на секои 100 грама вода има 3,5 грама сол.

Светската здравствена организација (WHO) предупредува дека дневното количество сол што треба да го конзумираат возрасните изнесува 5 грама, додека количеството сол што треба да го конзумираат децата на возраст до 7 години, не треба да ја надмине границата од 2 грама.

Истражувањата покажуваат дека потрошувачите не можат да ја забележат разликата на солта во лебот, доколку во период од шест недели, тоа количество постепено се намали за 25 проценти.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın