Ömer Faruk Yıldız
07 Ноември 2018•Ажурирај: 08 Ноември 2018
КУАЛА ЛУМПУР (АА) – Малезиските хиндуси, на последниот ден од празникот „Денот на светлината Дивали“ во своите храмови ги изведоа верските ритуали. Празникот се слави секоја година, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа година во Малезија „Денот на светлината Дивали“ се славеше помеѓу 1-6 ноември. На последниот ден од празникот, хиндусите за богослужение покрај големиот број храмови во главниот град Куала Лумпур, го посетија и храмот во пештерата Бату, кој се смета за еден од најголемите храмови во светот.
Голем број хиндуси облечени во традиционална облека, за богослужение во раните утрински часови почнаа да се собираат во храмовите. Од друга страна, за да бидат сведоци на моментите на богослужението, голем број туристи, исто така, пристигнаа во светите места на хиндусите.
Хиндусите пред да влезат во храмот ги мијат нозете. Потоа придружувани од голема толпа ги извршија верските ритуали. Хиндуските свештеници, откако ги послушаа молитвите и желбите на посетителите, ги пренесоа до боговите.
По молитвата свештениците ги мачкаа челата на посетителите со бел пепел наречен „thiruneeru“ и црвена боја наречена „tilaka“. Во храмот беа запалени и свеќите наречани „diya“, коишто хиндусите ги користат покрај за празникот „Денот на светлината Дивали“ и на другите знајачни денови.
- Денот на светлината Дивали
Според верувањата на хиндусите, Денот на светлината Дивали претставува победа на доброто врз злото.
Во земјите каде што се прославува овој празник, хиндусите ја слават победата на добрината со огномети и петарди.
Хиндусите во своите домови и на улиците поставуваат посебни светла. Пред почетокот на празникот за да се прочистат од злото, своите тела ги мачкаат со бибер, сусам или масло од кокосов орев.
Хиндуските семејства со недели се подготвуваат за празникот, отворајќи ги вратите на своите домови за оние коишто сакаат да ги посетат.
Денот на светлината Дивали, покрај во Малезија се слави и во Непал, Шри Ланка, Мјанмар, Гвајана, Сингапур и Фиџи.
За време на празникот Дивали, пештерата Бату е посетувано место во Малезија од страна на хиндусите, а и за време на празникот „Тајпусам“, којшто се слави секоја година, милиони хиндуси доаѓаат да ја посетат пештерата Бату. Во градината на пештерата е сместена и статуата на Муруган висока 42 метри. Поради тоа пештерата спаѓа меѓу светите места на хиндускиот свет. Секоја година пештерата ја посетуваат милиони туристи.