Zehra Ulucak
07 Ноември 2018•Ажурирај: 08 Ноември 2018
АНКАРА (АА) – Научните истражувања покажуваат дека генетиката има многу помалку влијание врз животниот век на луѓето, отколку што порано се претпоставуваше, јавува Anadolu Agency (AA).
Група научници, за компанијата „Calico & Ancestry“ изработија опсежно истражување на база на семејни стебла кои опфаќаат повеќе од 400 милиони луѓе.
Најважниот заклучок до кој дојдоа научниците е дека влијанието на наследноста е минимална или нема никакво значење врз одредувањето на животниот век на човекот, како што порано се претпоставувало.
Научниците користеле метод на истражување што ги поврзува математиката и статистичките модели и го анализирале животниот век на луѓето кои живееле во 19 и 20 век.
Во извештајот истражувачите наведуваат дека постои поголема сличност во животниот век на брачните другари, отколку сличности со блиските роднини. Тоа потврдува дека наследниот фактор не е од суштинско значење за тоа колку ќе живее некој поединец.
Поранешните истражувања покажуваа дека генетиката во одредувањето на животниот век на луѓето има влијание од 20 до 30 проценти. Протагонистите на новото истражување тврдат дека се работи за влијание помало од 10 проценти.
Деталните резултати од истражувањето се објавени во научното списание „Генетика“ (Genetics).