ИСТАНБУЛ (AA) - Хасан МЕКИ / Абдулџебар ЕБУ РАС
Анвар Ибрахим, претседателот на Народната партија на правдата (PKR), која е дел од владејачката коалиција во Малезија, во разговор за Anadolu Agency (AA) во текот на посетата на Истанбул ја пофали улогата на Република Турција во решавањето на хуманитарните прашања во светот, додавајќи дека таа земја, предводена од претседателот Реџеп Таип Ердоган, претставува глас на совеста на исламскиот свет.
„Турција, предводена од претседателот Ердоган, претставува глас на совеста на исламскиот свет и земјите во развој“, рече Анвар, потсетувајќи на ставот на Турција за палестинското прашање, муслиманите од Аракан и бегалците од Сирија.
„Кога се работи за прашањето на правдата, претседателот на Турција, Ердоган, не прави никакви отстапки. Ако говориме за земјите во светот, ниту една друга држава освен Турција, нема власт која на ваков начин се занимава со состојбата на сиромашните и со оние луѓе на кои им е потребна помош“, рече Анвар.
- Односите меѓу Малезија и Турција
На прашањето на новинарите за односите на неговата земја со Турција, истакна дека билатералната соработка е интензивирана во текот на последните години, посебно на полето на туризмот и економијата.
„Сепак, тоа с уште не е на задоволително ниво. Во текот на состанокот со Ердоган се договоривме дополнително да ја продлабочиме соработката помеѓу нашите земји", рече Анвар и нагласи дека го поддржал предлогот на Ердоган да се користи локална валута во трговијата помеѓу муслиманските земји, тврдејќи дека тоа во економска и финансиска смисла е многу логично.
„Хегемонијата на доларот сигурно нанесе штета на многумина земји", рече Анвар и додаде дека во најмала рака на билатерално ниво би требала да биде користена локална валута, предложувајќи дека е потребно да се заврши одредување на цени според доларот во трговските односи.
- Нова Малезија
Потсетувајќи дека премиерот на Малезија Махатхир Мухамед, претходно говорел за идејата за „Нова Малезија" објасни дека таква држава сигурно би била на повисок степен на демократијата.
„Ќе ја видите подемократска Малезија, земја која повеќе ќе го почитува владеењето на правото и ќе придава поголема важност на слободата на медиумите, земја во која нема да има корупција", рече Анвар потсетувајќи дека Малезија во 90-те години била, како што рече ,ѕвезда на азискиот континент.
Тврди дека неговата земја заради корупција подоцна останала без самодоверба, спомнувајќи дека во Малезија под управа на премиерот Махатхир Мухамед ќе се фокусира на подобро управувањ и морални вредности во политичкиот живот и дека земјата ја чека светла и сигурна иднина.
- Проблем на проектот на железницата помеѓу Малезија и Кина
Истакна дека Малезија со години има добри односи со Кина, додавајќи дека сепак се појавиле одредени проблеми поради проектот на изградба на железницата помеѓу Малезија и Кина.
Објасни дека, всушност, дошло до проблеми со една од големите градежни компании од Кина која почнала да работи на мега проект на изградба на железница во Малезија во вредност од 15 милијарди долари и додаде дека Малезија треба повторно да го разгледа прашањето на овој проект поради недостаток на финансиски средства.
„Меѓутоа, овој проблем не значи и дека дошло до промена на нашата политика кон Кина", рече Анвар, напоменувајќи дека кинеската економија е многу важна.
Истакна дека неговата земја сака да ја зглеми трговската размена со таа држава, напоменувајќи дека Малезија поседува голем потенцијал да привлече инвестиции од Кина но и од САД.
- Убиство на новинарот Џамал Кашоги
Одговарајќи на прашањето во врска со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, рече дека е важно да се обне вниманието на САД во врска со овој случај.
„Не може да се рече дека американскиот претседател Доналд Трамп за време на донесување на одлуките во областа на надворешната политика ги следи моралните норми и вредности", рече Анвар.
Додаде дека го смета за позитивно тоа што медиумите во САД и на Западот искажале голем интерес за случајот на убиството на Кашоги, напоменувајќи дека го поздравува фактот што некои републикански и демократски политичари во Америка зазеле позитивен став за тој случај.
Го пофали ставот на Турција во врска со убиството на Кашоги, додавајќи дека оваа земја постапила многу храбро по оваа, како што ја нарече, срамна трагедија.
- Палестинско прашање
Говорејќи за одлуката на САД да ја премести амбасадата во Ерусалим (Кудс) како и за другите важни случувања на Блискиот Исток, Анвар истакна дека официјален Вашингтон не се грижи премногу за прашањата како што се правдата и основните човекови права, предупредувајќи дека константно се одзема територијата која им припаѓа на Палестинците, се грабнува нивниот имот и се кршат правата на овој народ.
Истакна дека „владите во муслиманските земји треба да дадат поголемо значење на прашањата на уметот", односно на муслиманскиот свет, иако и самите се соочуваат со бројни проблеми и пречки.
Предупреди дека поради, како што рече, американската политика на наметнување не постои праведна рамнотежа во меѓународните односи, наведувајќи ја како пример одлуката на САД, Ерусалим да го признае за главен град на Израел.
Нагласи дека ова била еднострана одлука на САД, кои, како што рече, не ги уважија барањата, чувствата и очекувањата на палестинскиот народ, додавајќи дека меѓународната заедница не е премногу загрижена поради таквите постапки.
Истакна дека муслиманските земји сепак треба да направат многу повеќе во врска со ова прашање, напоменувајќи дека е потребно да се спроведат реформи и во Обединетите нации.
„ОН се основани по Втората светска војна. Тогаш имавме победници но и губитници. Сега ситуацијата сепак е сменета. Светот не треба да зависи од големите сили. Сите би требале повеќе да обрнат внимание на предлогот на претседателот Ердоган за потребата за реформи во ОН", рече Анвар.