Ahmet Gürhan Kartal
24 Април 2020•Ажурирај: 26 Април 2020
ЛОНДОН
Британскиот пратеник, Пол Брајстоу денес објави дека ќе пости првата недела од светиот месец Рамазан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Брајстоу член на Конзервативната партија, на профилот на Твитер објави видео снимка во која ја соопшти својата одлка за постот, напоменувајќи дека на тој начин сака да сфати што месецот Рамазан значи за муслиманите.
„Рамазанот е време за духовно размислување, додатно усовршување и зајакнато верување. Одлучив и јас да постам првата недела од Рамазан“, изјави овој 41 годишен пратеник од Петербург.
Тој истакна дека со оваа постапка сака да искаже блискост и добри односи со муслиманите кои живеат во Петербург.
„Не сум муслиман, но сметам дека е важно ова искуство да го доживеам заедно со околу 20.000 муслимани кои живеат во Петербугг, мојот град“, додаде Брајстоу.
Тој нагласи исто така дека ака подобро да разбере кои активности Муслиманите ги извршуваат за време на овој месец и што им значи Рамазан.
„Јасно е дека Муслиманите кои постат ја следат својата вера, а не само правилата. Сепак, лекциите како што се самодисциплина, жртвување и емпатија кон луѓето кои во животот кои не имале баш многу среќа, се достапни за сите луѓе. Великодушноста не е ограничена со религија“, изјави тој.
Тој истакна дека се надева дека низ постот ќе научи многу повеќе за исламот, но и за себе.
„Иако тоа сигурно ќе биде тест за мојата ментална сила и дисциплина, постот вклучува и одлични моменти на пријателство“, додаде Брајстоу, напоменувајќи дека за време на постот секојдневно ќе снима видео за своето искуство.
„Се надевам дека ова ќе биде корисен начин Рамазанот да го претставам и на другите како мене кои претходно не го искусиле“, изјави Брајстоу.