Adel Omeragic
25 Август 2021•Ажурирај: 26 Август 2021
ПОДГОРИЦА (АА) - На јубилејното десетто натпреварување во лежење, кое се одржа во етноселото Монтенегро во Плужине, оваа година е соборен рекорд. Победник е Дуда Алексиќ, која прележа 117 часа, односно речиси пет дена, јавува Агенција Анадолија (АА).
Само пет минути пред неа, натпреварувањето го заврши Никола Бошковиќ, а 115 часа лежеше Марко Вучковиќ. Алексиќ освои парична награда од 300 евра.
Претходниот рекорд во лежење беше 52 часа.
Станува збор за натпревар по кој Црна Гора е единствена во Европа, а особено е интересно поради прифатениот стереотип за оваа нација дека е мрзелива.