Esra Kaymak
12 Октомври 2016•Ажурирај: 13 Октомври 2016
ВАШИНГТОН (AA) - Американците што живеат во пет американски градови се најактивните, најсреќните и најздравите граѓани во Соединетите Американски Држави (САД), покажа истражувањето на американскиот Институт „Галуп и хелтвејс" (Gallup and Healthways), пренесува Anadolu Agency (AA).
Студијата е изведена на основа на 150.000 интервјуа во периодот од јануари 2014 до декември 2015 година. Се покажа дека граѓаните на Бостон, Вашингтон, Чикаго, Њујрок и на Сан Франциско се најмалку дебели, најмалку заболуваат од дијабетес, висок крвен притисок, висок холестерол и од депресија, во однос на жителите во помалите американски градови.
Како што се наведува, кај споменатите граѓани била регистрирана висока заинтересираност за физички активности, а меѓу нив имало и помал број на консументи на тутунски производи.
Според студијата, луѓето се посреќни и поздрави доколку имаат големи тротоари, паркови и добар јавен превоз, како што е случајот во споменатите пет градови.
Истражувачкиот тим на „Галуп и хелтвејс“ анализираше 48 американски заедници и утврди дека инфраструктурата во петте града поддржува дневни активности со проодност, стази за велосипедизам и јавен превоз што ги поттикнува граѓаните таквата инфраструктура да ја користат за занимавање со спорт.
Градовите во Индијана, Оклахома и во Северна Каролина се окарактеризирани како „најлоши градови за активност на граѓаните“.