Cuneyt Davut
08 Октомври 2016•Ажурирај: 09 Октомври 2016
СКОПЈЕ (АА) - ЏУНЕЈТ ДАВУТ
На почетокот на новата акдемска година се актуелизира прашањето околу потребните финансиски средства за еден студент во Македонија. Поради ниската миниманлна плата, семејставата на студентите се соочуваат со финансиски проблеми при напорите нивните деца да се стекнат со високот образование.
Скопјанецот Фатмир Јашари, говорејќи околу овие проблеми во разговор за АА вели дека еден родител кој заработува минимална плата се соочува со „голема сиромаштија".
„Со приходите од минималната плата не можам да го поминам месецот. Поради тоа што мојот син цел ден е на факултет, тој мора да јаде надвор, а покрај тоа потребни му се пари за автобус, книги и слично. Дали да донесем леб дома, да ги покријам домашните трошоци или да му помогнам на син ми за студии“, вели Јашари кој додаде дека неговиот син е успешен во студиите, но дека самиот не може да му помоге од финансиски аспект.
„Добив можност да го завршам моето образование бесплатно. Но покрај ова има и секојдневни трошоци. За да ги покријам моите трошоци и да му помогнам на татко ми кој работи за минимална плата, треба и јас да работам“, рече Фуркан, синот на Јашари, истакнувајќи дека со целосна стипендија учи на приватен универзитет.
Фуркан рече дека не добива никаква друга стипендија или некој друг вид на финансиска подршка. „Принуден сум да работам, а поради тоа дека нема да можам да посветам доволно внимание и време за учење, затоа, мислам дека ова ќе биде пречка за мојот успех“, рече тој.
- „Тешко е да се обезбедат средства и за покривање на семејните трошоци и за студирање"
Од друга страна, еден друг скопјанец и татко на три деца, Менсур Даут рече дека минималната плата не е доволна за да ги покрие училините трошоци на неговите деца кои одат на училиште.
„Со минималната плата во Скопје може да се каже дека е невозможно и да се покријат домашните трошоци и да ги образуваш децата на факултет“, истакна Даут кој додаде дека обезбедувањето на финансиски средства за егзистирање на семејството и покривање на трошоците за студии на неговиот син претставуваат голем финансиски проблем.
„Потребно е син ми да има пари за оброк, книги, како и за испитите. Каде и да е, целата плата ми оди таму. Јас имам и ќерќи кои одат во средно и основно училиште, и тие имаат свои трошоци“, рече Даут.
Неговиот син Нуман Даут рече дека единствениот кој работи во семејството е е неговиот татко, како и дека поради таквите околности, тој, иако е студент, доведен е во ситуација да работи за да може да обезбеди финансиски средства за своите студии.
- „Работам за да можам да ги покријам трошоците за моите студии"
„И да се грижи за семејството и да ме образува мене, многу е тешко. Затоа, и јас работам со цел да му помогнам на татко ми“, истакна студентот Нуман.
Минималната месечна плата во Република Македонија изнесува 10.080 денари, а минималните трошоци за живеење и студирање на студент сместен во студентски дом изнесуваат, нешто повеќе од минималната месечна плата, односно околу 10.300 денари. Во оваа сума се вклучени трошоците за престој во студентскиот дом, трошоците за книги,трошоци за меѓуградски превоз и храна.
Според податоците, ниту целата минимална плата не е доволна да се обезбедат финансиски средства за основните потребни на еден студент.