Amina Zorniç
22 Декември 2015•Ажурирај: 23 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Денеска е првиот ден од зимата, кога настапува зимската краткоденица, астрономски феномен во ден во кој е најкраток периодот од изгрејсонце до зајдисонце, јавува Anadolu Agency (АА).
Денес, 22 декември во 05 часот и 48 минути по локално време, во исто време кога за жителите на Северната полутопка започнува зимата на планетата Земја, за жителите на Јужната полутопка настапува летото.
На денот на зимската краткодневица Северниот пол е најдалеку од Сонцето, а Јужниот пол е најблизу до Сонцето. Сончевите зраци се јужната замислена оска, па така тој ден на сите луѓе на Јужната полутопка денот им е најдолг а ноќта најкратка во годината.
Од друга страна, на Северната полутопка ќе следува најкраткиот ден и најдолгата ноќ. Зимата ќе трае 89 дена до 20 март 2016 година, кога започнува пролетта. Таа се карактеризира со студено време, појава на мраз и снег, а судејќи според најавите на метеоролозите, претстојната зима ќе биде многу лесна и пријатна.